Кандидатот на здружената унгарска опозиција Питер Марки-Зај најави екстрадиција на поранешниот македонски премиер Никола Груевски кој е во Унгарија, доколку победи на парламентарните избори в година, на кои ќе му се спротивстави на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Марки-Зај преку Твитер најави екстрадиција и на јорданскиот бизнисмен Заиф Нафа, но и на другите, како што истакна „криминални мигранти“ населени од партијата на Орбан, Фидеш.

Марки-Зај има искуство како градоначалник на унгарскиот град Ходмезовасархели од 2018 година, а формираше и национална мрежа на поддржувачи и активисти, кои се нарекуваат Движење за сите Унгарци. Тој се смета за првиот сериозен противник на Орбан од 2006 година досега, а не е поврзан со Социјалистичко-либерална коалиција која беше поразена од страна на Орбан на претходните избори, ниту пак, е поврзан со партиите кои беа формирани по падот на комунизмот во 1989 година.

Јавното обвинителство го обвини Груевски дека ги организирал насилствата на 27 април 2017 година во Собранието. Оттогаш тој е во бегство во Будимпешта, а на 27 јуни 2019 година, Судот во Будимпешта одлучи да не го екстрадира поранешниот македонски премиер. Груевски се бара и за издржување на казна и за злоупотреба на службената положба.