Комисиите за помош и нега од друго лице работат непречено, решени се 8500 предмети. Новите комисии кои се формирани во рамки на јавните установи за здравствена заштита, функционираат непречено, соопштија дополнителната заменик министерка и министерот за здравство.

Како што информираат тие, МТСП со новиот Закон за социјална заштита ја укина Комисијата која одлучуваше во прв степен за правото за помош и нега од друго лице.

– Таа беше нефункционална и времето на решавање на предметите беше 3 до 4 месеци. За да се скрати времето на решавање и да се подобри квалитетот и стручноста во решавањето на предметите, со новиот Закон за социјална заштита потребата за помош и нега од друго лице ја утврдуваат стручни комисии формирани во јавни здравствени установи. Формирани се 15 комисии, од кои 5 во Скопје, во состав од тројца доктори специјалисти или супспецијалисти од следниве области: интерна медицина, неврологија, психијатрија, физикална медицина и рехабилитација, ортопедија или офталмологија. Комисиите ги решија предметите во рокот што им беше даден за постапување – 01 февруари. Приоритет на Владата е интересот на граѓаните и во иднина ќе овозможиме непречено остварување на правата од социјална заштита и обезбедување квалитетни социјални услуги – додаваат Шкријељ и Филипче.