Амбасадата на Република Австрија во нашата земја на свеченоста организирана по повод националниот празник на оваа земја, кој се одржа во Македонската опера и балет, на проф. д-р Никола Јанкуловски, ректор на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, му додели медал, односно највисокото признание – крст на честа за наука и уметност, прва класа.

Овој медал, австриската влада му го додели на проф. Јанкуловски поради неговите заслуги и големиот придонес за востановување нова и унапредување на постојната образовна и научноистражувачка работа помеѓу УКИМ и австриските високообразовни и научноистражувачки институции.

Заложбите на проф. Јанкуловски за развивање и унапредување на оваа соработка почнале за време на неговите два мандата како декан на Медицинскиот факултет при УКИМ и се интензивирале за време на неговиот мандат како актуелен ректор на УКИМ. М.В.