Синоќа околу 1 часот и 20 минути по полноќ, Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје регистриралa земјотрес од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, со епицентар на 65 километри југозападно од Скопјe и со локална Рихтерова магнитуда од 2,8.

Според досегашните податоци, овој земјотрес бил почувствуван од населението во Маврово, Гостивар, Дебар и Кичево со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.