Фото: Маја Јаневска-Илиева

Во текот на изминатата недела, од 1 април до 7 април, во државава се регистрирани 283 заболени од грип, што е за 40,8 отсто помалку споредено со неделата пред неа кога беа регистрирани 478 заболени. Не се регистрирани смртни случаи асоцирани со грип, се наведува во извештајот објавен денеска на веб страницата на Институтот за јавно здравје.

Регистрираната инциденца оваа недела укажува на ниска активност на вирусот на грип. Бројот на пријавени лица оваа недела е поголем за 56,4 отсто споредено со истиот период минатата сезона.

Оваа недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ пристигнати се 18 материјали за тестирање на грип, од кои седум (38,8 отсто) позитивни за присуство на вирусот на грип – четири Influenza A(H3), еден Influenza A(H1)pdm и два Influenza А несуптипизиран.

Изминатата недела најголем број заболени лица (191) се пријавени во најголемата возрасната група од 15 до 64 години, додека највисока инциденца од 17,9 на 100.000 жители е регистрирана кај возрасната група лица постари од 65 години

Оваа недела пријавени се заболени лица од 21 извештајни единици. Најголем број заболени лица се пријавени од Подрачната единица Гостивар (58) каде е регистрирана и највисока инциденца од 48,4 на 100.000 жители.

Во сезоната 2018/2019 вкупниот број заболени од грип изнесува 20.940.