Регионална конференција за промоција на Заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа наречена „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција II” ќе се одржи утре (9 октомври) во хотелот „Александар Палас” со почеток од 9 часот.

На конференцијата, која е предвидено да трае до 18 часот, говори ќе одржат министерот за надворешни рабори Никола Димитров, директорката на Канцеларијата на Генералниот директорат за програми при Советот на Европа, Верена Тејлор, и Колин Волф, шеф на одделот за Регионална соработка и програми за Западен Балкан при Европската комисија.

Учесниците на конференцијата ќе имаат можност да учествуваат во работата на паралелни тематски работилници, од кои секоја ќе покрива теми од четирите главни тематски области: Обезбедување правда (Затвори и полиција; Правда и човекови права); Борба против корупција, економски криминал и перење пари; Борба против дискриминацијата и заштита на правата на ранливите групи (Образование, човекови права и спречување на дискриминација; трговија со луѓе) и Слобода на изразување и медиуми.

Дополнително ќе се одржат две пленарни сесии со цел да се изведат заклучоци од секоја работилница и да се одлучи како на ефикасен начин да се преточат целите на програмата Horizontal Facility II во конкретни придобивки за граѓаните од Западен Балкан и Турција.