Патниот правец Маврово-Дебар е расчистен од лавината и прооден во двата правци, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија.

Претходно, поради лавина од снег сообраќајот на патот Маврово-Дебар се одвиваше наизменично по една коловозна лента.

АМСМ претходно соопшти дека лавината се наоѓала кај местото викано „Врбјанска раскрсница“ и оти се појавила околу 13.20 часот.