Уште 41 лице на крузерот во Јапонија се заболени од новиот коронавирус, со што вкупниот број на заразени се искачи на 61. Патниците се во карантин, а тестирањето продолжува, пренесува „Ројтерс“.

Крузерот „Дајмонд принцес“ со околу 3.700 патници, меѓу кои и тројца македонски државјани, се наоѓа во двонеделен карантин на јапонското пристаниште Јокохама од понеделникот откако кај еден патник кој се симнал во Хонгконг бил дијгностициран вирусот.

– Половина од новите случаи се Јапонци – изјави министерот за здравство на Јапонија, Кацунобу Канто.

Пациентите ќе бидат пренесени во болниците во Токио и околните градови.