Околу 760 административци потпишале согласност за нивна распределба според Рамковниот договор, а за 160 процедурата е целосно завршена, соопшти денеска владиниот портпарол Мухамед Хоџа.

На прес-конференција во Владата Хоџа информира дека за 600 лица процедурата за распределба по Рамковен е во тек.

– На дел од останатите околу 200 што не ја прифатиле понудата, ќе им се даде можност да бидат преземени во овој прв трансфер, во институции каде што има потреба. Другите, пак, ќе се префрлат во следната систематизација, објасни Хоџа.

Според него, уште 700 административци остануваат нераспределени.