Во утрешниот број на печатеното издание на „Нова Македонија“ читајте

Една од најопасните научни измами во однос на здравјето беше онаа која не само што ги доведе во заблуда научниците и лекарите, туку изврши и огромно влијание врз јавната перцепција на еден витално важен медицински третман. Фамозната студија на британскиот лекар Ендру Вејкфилд во која се тврдеше дека вакцинацијата предизвикува аутизам, рашири толку многу страв и конфузија, што и покрај тоа што поминаа повеќе од две децении од нејзиното објавување, сите ние и денес живееме со нејзините штетни последици.

„Нова Македонија“ во две продолженија ќе се осврне на научното лицемерство кое лежи во основата на студијата од 1998 година, односно врз измамата на Вејкфилд објавена во медицинското списание „Лансет“, за тесната поврзаност на вакцинирањето и аутизмот што иницираше страв од вакцини кој се прошири брзо како вирус.