фото: Фејсбук

Ќе го свикам Советодавното тело за национална безбедност за Република Северна Македонија во првата половина на јануари, изјавил бугарскиот претседател Румен Радев, пренесува бугарскиот медиум „Бгнес“.

– Важно е да се има став во ова највисоко политичко тело. Треба да го забрзаме процесот на европска интеграција на Северна Македонија, но со почитување на националниот интерес. Важно е да се разбере дека правата на македонските Бугари, создавањето услови за нивно целосно вклучување во јавниот, политичкиот, културниот живот на земјата е прашање од големо значење за Бугарија. Не еднаш сум повикал да престане говорот на омраза – нагласил Румен Радев.

Според него, новата влада треба да ги казни корупцијата и беззаконието.

– Ни требаат и уставни и законски измени – додаде Радев, пренесува „Бгнес“