Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово се сретна со амбасадорот на Кина, Џанг Ѕуо, на која разговараа за состојбата со коронавирусот во Кина и мерките за претпазливост кои се преземаат.

На средбата, кинескиот амбасадор Ѕуо го информирал министерот дека кинеските државјани кои работат во кинеската компанија „Синохидро“ и кои редовно транзитираат на релација Кина – Македонија имаат препорака да се вратат подоцна, а непосредно пред враќањето 14 дена ќе бидат во карантин, по што со најава ќе бидат вратени во Македонија.

Со ова, велат од Министерството за здравство, дополнително се активираат мерките на претпазливост од можност за коронавирус во нашата држава.