Во знакот на договорот за името помина дводневната посета на коизвестувачите на Парламенарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) на Македонија Лизе Кристоферсен од Норвешка и Валериу Гилетчи од Молдавија, кои на средбите со претставнците на политичките партии и други институции разговарале и за реформите во земјата.

– Претседателот на ПССЕ и генералниот секретар го поздравија договорот за името. Се работи за историски договор. Ние ја поздравуваме добрата волја и храбрите чекори што беа преземени од двете земји членки на Советот на Европа, со што тие дадоа вистинки вреден придонес кон стабилноста на целиот регион – рече норвешката пратеничка.

Името и идентитетските прашања, како што рече, кои се опфатени со овој договор, со децении потикнуваа жестоки и емоционални реакциии понатаму остануваат чуствителни прашања за делови од општеството.

– Легитимно е оваа загриженост, и мислењата да бидат аргуменирани и дебатирани на мирен и конструктивен начин бидејќи така функционира демократијата. Насилството, заплашувањата и реториката која што разговрува немаат место во ваквата дебата и мораат да бидат осудени од сите страни. Луѓето треба да можат да одлучат самите и затоа ја поздравуваме најавената организација на референдум оваа есен, што ќе даде шанса на луѓето да одлучат да ја одредат визијата што тие ја имаат за сопствената земја – рече Кристоферсон.

Како што најавија пратениците, се очекува претставници на ПССЕ да го набљудува референдумот најавен за на есен.

Во разговорите со лидерите на политичките партии и власта, претставниците на ПССЕ ја нагласиле потребата во овој клучен момент да се обезбедат инклузивни процеси.

– Дијалог со главната опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, единствена парламентана партија која е против овој договор и со граѓанското општество за да се обезбеди доверба во процесот. Во овој контекст гледаме на одлуката на ВМРО-ДПМНЕ оваа пролет да се врати во Парламентот, како политичка одговорност и да овозможи носење на клучни закони кои се од корист на целото население – рече Гилетчи.

Додаде дека очекуваат сите партии и вклучени во процесот да земат активна и одговорна улога за ефикасно функционирање на изборната администрација со што ќе се овозможи референдумот да се одржи во добри услови.

Запрашан да го коментира ставот на претседателот Иванов дека нема да го потпише договорот, Гилетчи рече дека не би сакал да го стори тоа, но верува дека доколку се истражи ќе може да се најде одлука на молдавскиот Уставен суд.

Норвешката пратеничка, пак, смета дека блокирање на работата на легално избран Парламент не е начин во една демократија.

– Но, од друга страна го имате референдумот на кој луѓето ќе можат на еден демократски начин да ја изразат својата волја и можеби тоа е еден од начините за излез од таа ситуација – рече Кристоферсен.

Гилетчи рече дека за тоа што ќе се случи доколку не успее референдумот разговарале со претставниците на политичките партии и оти веруваат дека во овој процес важно е да се комуницира со народот.

Норвешката пратеничка, пак, рече дека тие ќе ја апелираат до меѓународната заедница да даде целосна поддршка за Македонија во овие круцијални времиња.

– По ратификацијата на договорот Грција презеде обврска да ја тргне блокадата од преговороте за евроинтеграциите, а НАТО од своја страна ќе ги отвори вратите за земјата. На крајот преку референдумот народот ќе одлучи што сакаат да се случи – рече Кристоферсен.

На средбите станало збор и за реформите пред се во судството. Реформите таму, рече Кристоферсен, треба да ги унапреди транспаретноста, отчетноста, ефикасноста.

Од посетата на Македонија ќе биде изготвен извештај кој ќе биде доставен до ПССЕ.