Амбасадорката на Шведска во земјава, Кристин Форсгрен Бенгтсон, како и македонски и грчки универзитетски професори ќе се обратат на јавната дебата по повод објавување на новиот извештај за соработката помеѓу Македонија и Грција.

Дебатата насловена „Соработка во областа на образованието, културата, и невладиниот сектор по Преспанскиот договор. Како да се продолжи напред?‘‘ е во организација на „Аналитика тинк тенк“, а во соработка со амбасадата на Шведска во Скопје.