Околу 2.000 демонстранти се наоѓаат вечерва пред зградата на македонското собрание, во знак на протест против договорот за промена на името на државата.

Извикувајќи „Македонија, Македонија“ и „предавници“, насобраните граѓани се противат на најавите за промена на уставното име на државата, а воедно бараат оставка од Владата.

Нема информации кој стои зад организацијата на протестот, а повикот за собирање пред Собрание се рашири преку социјалните мрежи.

Собранието го обезбедуваат засилени полициски сили.