Фото: Конфедерација на слободни синдикати на Македонија

Денес се одржа голем протест на КСС (Конфедерација на слободни синдикати на Македонија) со кој се искажа големото незадоволство на работниците во Македонија.

Паролата на овој протест беше „Доста е – претеравте!“.

Поради состојбата со пандемијата протестот беше организиран со возила кои ја надминаа бројката од 350 возила.

Протестот започна во 16:00 часот од збирното место спроти Македонска радио телевизија се до Собранието за на крај да заврши пред Владата.

Пред Владата се обрати претседателот на КСС, Благоја Ралповски кој ги пренесе барањата, а дел од нив се: да престане непочитувањето на законите од трудовата област, да се почитува законот за минимална плата, да се направи усогласување на платите согласно колективните договори, да престане притисокот врз синдикалните лидери и синдикатот, да престане непостапувањето на институциите на системот при прекршување на законите.

Протестот беше поддржан и од многу други синдикални организации и здруженија.