Фото: Маја Јаневска-Илиева

Раскрсницата кај трговскиот центар „Палома Бјанка“ е блокирана поради простест на затворската полција. Според најавата блокадата ќе трае до 16.30 часот.

Независниот синдикат на затворската полиција и администрација денеска со мото марш низ централното градско подрачје го изразија својот револт со барање конечно да се потпише колективниот договор и да се донесат измените на законот за санкции.

Фото: Маја Јаневска-Илиева

Поворката од мотори и автомоболи се движеше од МРТ кон Влада, а после обраќањето кон јавноста, тие ќе ја блокираа раскрсницата кај „Палома Бјанка“.

Во повикот за протест на затворската полиција тие најавија дека ќе останат на улица се до исполнување на нивните барања.