Фотографии: Маја Јаневска Илиева

Да се стопира увозот на отпадот за горење побараа над 200 граѓани на денешниот протест пред Собранието, организиран од здружението „Петоци за иднината Македонија“.

Тие го блокираа сообраќајот пред Собранието, седнувајќи на асфалтот, без говори, само со пароли и скандирања. 

– Македонија нема капацитети, лаборатории и механизми за соодветно и неопходно испитување на отпадот што влегува во државата заради согорување. Токму затоа, бараме мораториум на увозот на отпад додека државата не оспособи лаборатории кои ќе ги испитуваат евентуалните отрови што ги содржи увезеното ѓубре. Притоа ги повикуваме пратениците да ги изгласаат предложените законски измени за увозот на отпад пред Собранието да биде распуштено – се вели во соопштението на „Петоци за иднината на Македонија“.