Прирачник со наслов „Слобода на изразување и онлајн медиуми“ ќе биде промовиран денеска со почеток од 11 часот во Агенцијата за млади и спорт.

Прирачникот е наменет за студенти, но и за пошироката јавност, а во истиот се анализира слободатата на изразување како право наспроти проблематиката – регулација на онлајн медиуми и европските препораки за тоа.

Прирачникот е подготвен во рамките на проектот „Мисли, изрази се, информирај се!“ спроведуван од страна на Македонскиот институт за европски студии (МИЕС), а поддржан од Агенцијата за млади и спорт.

Проектот е посветен на младинското информирање и афирмација на еврoпските вредности, а медиумски партнер е студенското радио Студент ФМ 92,9.