Здружението „Планинарски клуб Шара ски – Тетово“ денеска ги промовира обележаните крос-кантри планинско-велосипедски патеки на Попова Шапка.

– Примарна цел на проектот е маркирање и обележување на постоечките крос- кантри планинско-велосипедски патеки на Попова Шапка. Секундарни цели на проектот се подобрување на атракциско – мотивациските фактори и туристичката понуда, со цел зголемување на туристичкиот прилив по основ на туристички доаѓања, како и развој на туризмот на Попова Шапка – велат од здружението.

Од таму велат дека преку подготовка на флаери, брошури на македонски, англиски, албански и германски јазик, целта е запознавање на туристите со крос-кантрипатеките на Попова Шапка.

Со проектот се обнови и дополни постоечката маркација на патеките, поставени се патокази, маркирани се патеките со ГПС уред, впишани се координати и карактеристики на патеките, одредени се места за почетна и крајна точка на патеките, пауза долж патеката, исцртани се мапи од секоја патека со сите поодатоци. Овие места се поставени и пред платото на терасата на комплексот „ Конак“, од каде се почетните точки на рутите.