Деновиве во рамките на „Денови на македонската адвокатура“ – 73 години, во Струга беше промовирана книгата на Ставре Џиков, „Адвокатурата на самостојна Република Македонија“.

Поранешниот судија и државен јавен обвинител на Република Македонија, Џиков книгата ја издаде, по повод одбележувањето на 60 години од постоењето на Македонската адвокатска комора.

Станува збор за нова книга посветена за стаусот на адвокатите и современите трендови на нашата адвокатура во суверена и самостојна Р. Македонија и во меѓународните релации со странските адвокатури и адвокати. Содржината на книгата е поделена на два дела и тоа адвокатурата во Македонија во Федерална Југославија и во периодот на самостојна Р. Македонија.

-Адвокатот во има на странката секогаш е најзиното „второ јас“ во одбраната на нејзините права во јавноста и постапките пред државните институции и пред граѓанството- пишува во предговорот Џиков.

На 63-то годишно сообрание на Адвокатската комора, по повод одбележување на 73 година од основањето на Адвокатската комора и адвокатурата во Република Македонија присуствуваше и Ранко Палицариќ, потпретседател на Советот на адвокатските комори и правни задруженија на Европа како и други претставници на адвокатските комори од Балканот.