Времето денеска ќе биде променливо облачно, во западните и јужните делови со сончеви периоди. Во северните и североисточните делови претежно на планините и на повисоките места ќе има услови за слаб снег. Ќе дува умерен, а на југоистокот повремено засилен северозападен ветер. Дневната температура ќе биде во интервал од 5 дo 13 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со умерен северозападен ветер. Температурата ќе достигне 11 степени.