Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, најизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 15, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени. УВ=6

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 24 степени.

До утре наутро ќе биде посвежо, а преку денот ќе биде променливо облачно и особено долж Повардарието ќе засилува северен ветер. Од четврток температурите ќе бидат значително повисоки и ќе има услови за појава на нестабилност во попладневните часови.