Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува засилен северен ветер, особено во источните делови. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 23 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со услови за повремен дожд. Ќе дува умерен, а попладне засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 21 степен.

Утре ќе продолжи да дува засилен северен ветер. Потоа ќе настапи стабилизирање на времето, освен во среда, кога повторно ќе има услови за локални врнежи од дожд. Дневните температури ќе бидат во благ пораст.