Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од шест до 25 степени, а УВ индексот ќе изнсува 6.

Во Скопско променливо облачно, претпладне со повеќе сончеви периоди, а попладне со услови за појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе биде од 14 до 24 степени.

Утре на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во петок и сабота ќе има локална појава на пороен дожд со ретки грмежи, но процесите се очекува да бидат послаби. И во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи, а процесите ќе бидат со променлив интензитет.