Денеска се очекува променливо облачно и свежо време со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и пообилни, особено во западните и јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, повеќе изразен вдолж Повардарието.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и посвежо, попладне и кон крајот на денот со повремен дожд.

Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне 22 степена.