Денеска ќе преовладува променливо облачно и посвежо време. На места ќе биде нестабилно со пообилен пороен дожд, локално (над 20 л/м2) и појава на ретки грмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 26 степени.

Во Скопје ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд и ретки грмежи. Максималната температура ќе достигне до 24 степени.

Во наредните денови до четврток ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, а дневните температури значително ќе опаднат. В петок ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд. Во деновите од викендот ќе има стабилизирање на времето, а температурите ќе бидат во благ пораст.