Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 15, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 22 до 29 степени

Локално процесите ќе бидат поинтензивни со обилни врнежи од дожд. УВ индексот ќе изнесува 6.

Потоа од петок ќе биде претежно стабилно и потопло, во попладневните часови со ретка појава на краткотраен дожд.