Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер особено во западните делови од земјава. 

Утринската температура ќе се движи од 14 до 22 степени, а дневната температура од 22 до 33 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно. Утринската температура до 19, а дневната температура ќе достигне до 32 степени. 

Во четврток на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а поинтензивни врнежи се очекуваат во западните и југозападните делови од земјава.

Во петок и сабота условите за нестабилност ќе се намалат, а потоа ќе продолжи периодот на нестабилно време во попладневните часови.