Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен и северозападен правец. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12, а максималната од 17 до 24 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со услови за краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 22 степени.

Во недела ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Во недела и понеделник ќе дува засилен северен ветер што ќе допринесе намалување на дневната температура. Од понеделник ќе настапи постепено стабилизирање на времето.