Времето денеска ќе биде променливо облачно со услови за краткотраен дожд на крајниот исток.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 и 17, а максималната од 20 до 27 степени, информира УХМР.

Во Скопје променливо облачно време со сончеви периоди. Температурата ќе се движи од 11 до 24 степени.

Утре ќе се задржи променливо облачно време со локални врнежи од дожд и ретки грмежи. Од петок ќе настапи стабилизирање на временската состојба со постепен пораст на дневната температура.