Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 2, а максималната од 1 до 8 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и со умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 6 степени.

Од понеделник, па се до крајот на работната седмица ќе преовладува стабилно и суво време со подолги сончеви периоди. Утринските температури ќе бидат ниски, особено кон средината на неделата кога на места ќе се спуштат под -10 степени.