Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи.

Позастапена нестабилноста ќе биде во јужните делови од земјава каде локално врнежите ќе бидат пообилни (над 15 л/м2), проследени со почести грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 25 степени.

Во понеделник ќе има локален дожд со ретки грмежи, претежно во западните делови. Потоа ќе биде малку до умерено облачно, од понеделник со слаб до умерен, а на места и засилен ветер од североисточен правец.