Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо.

Во поголемиот дел од земјата, освен на крајниот југ, ќе има слаб до умерен дожд. Ќе дува умерен до повремено засилен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 14, а максималната ќе достигне од 15 до 25 степени, соопшти УХМР.

Во Скопје умерено до значително облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен до краткотрајно засилен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 21 степен.

Во следните два дена ќе преовладува променливо облачно и значително посвежо време, со слаб до умерен повремен дожд, кој претежно ќе завршува во ноќта кон петокот. Ќе дува умерен до засилен најпрвин западен ветер, а утре ќе дува засилен северен ветер (и над 70 км/ч), кој ќе е најизразен по должината на поширокото Повардарие. За време на викендот ќе биде претежно сончево и топло со послаб јужен ветер.