Времето денеска ќе биде променливо облачно, на повеќе места со врнежи од дожд, особено претпладне. На планините над 1.800 метри надворска височина врнежите ќе бидат од снег, информира УХМР.

Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Попладне облачноста ќе се намали. Дневната температура ќе биде во интервал од 9 до 17 степени.

Во Скопје претпладне променливо облачно со локален дожд, попладне со намалена облачност. Ќе дува умерен, повремено и засилен северен ветер. Температурата ќе достигне 12 степени.