Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне со врнежи од дожд претежно во западните делови, информира УХМР. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.

Дневната температура ќе биде во интервал од 10 дo 15 степени.

Во Скопје претпладне магливо, попладне променливо облачно со повремен локален дожд и со умерен јужен ветер. Максималната температура ќе достигне 11 степени.