Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне понекаде со локален дожд, а попладне на места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе биде 8.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за краткотрајна нестабилност со пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 27 степени.

До четврток, претежно во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.