Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне, ќе има повремен дожд, а локално ќе биде и нестабилно, со пороен дожд. Утринската температура ќе се движи од 7 до 15 степени, а дневната од 18 до 26.

 Во Скопје ќе биде промeнливо облачно, попладне со локален дожд и услови за ретки грмежи. Температурата ќе се движи од 11 до 25 степени.

 Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно време со повремен пороен дожд и грмежи.