Од скопската општина Кисела Вода информираат дека се спроведува пролетна дератизација на шахтите на нејзината територија. Досега се опфатени 688 шахти во населбата Драчево, селото Драчево и населеното место Пинтија. Планирано е акцијата за уништување на глодачите да продолжи и оваа недела во урбаната заедница Пржино, по што ќе следуваат и другите месни и урбани заедници во општината Кисела Вода. Дератизацијата ја спроведува приватна фирма преку Секторот за комунални работи, инфраструктура, сообраќај и заштита на животната средина, со поддршка од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.