Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, околу пладне и попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а дневната од 21 до 32 степена.

УВ-индексот ќе изнесува 6.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Утринската температура ќе биде 19, а дневната ќе се искачи до 31 степен.

Преодно стабилизирање со посончево и потопло време ќе има во сабота.