Сојузот на средношколци најави дека бојкотот на наставата од страна на матурантите продолжува и денеска.

Тие ги повторија тврдењата дека над 70 отсто од матурантите го бојкотирале почетокот на второто полугодие поради незадоволството за државната матура.

Сојузот на средношколци бара за државната матура да се полагаат два предмета наместо четири.