Владата на денешната 89-та седница на предлог на Министерството за образование и наука разгледа и усвои Информација за активностите на проектот изградба и опремување на 145 училишни спортски сали и рехабилитација на средни и основни училишта во Република Македонија.

– Донесе одлука за продолжување на рокот за реализација на склучениот договор за изведување градежни работи за изградба на училишни спортски сали и продолжување на рокот за реализација на склучениот договор за стручно-технички надзор за доизградба на училишни спортски сали, со цел заокружување на реализацијата на проектот-соопшти прес-службата на Владата.