фото: илустрација

Како резултат на продолжениот викенд поради прославата на велигденските празници, на граничниот премин „Богородица“ кон Грција има зголемена фреквентност. Според информациите од граничната полиција, во моментов поради долгите колони на возила за излез од Македонија се чека околу 45 минути.

Од граничната служба информираат дека задржувањето во моментов не би требало да биде подолго од предвидените 45 минути, но времето на чекање најмногу зависи од сообраќајните бранови.