фото Маја Јаневска-Илиева

Ѓор­ѓи Или­ев­ски, дол­го­го­ди­шен инс­пе­ктор за ви­со­ко обра­зо­ва­ние во Др­жав­ни­от про­све­тен инс­пе­кто­рат, денес на Фи­ло­зоф­ски­от фа­кул­тет ја про­мо­ви­ра сво­ја­та кни­га „Со­стој­би и по­тре­би за ква­ли­тет на ви­со­ко­то обра­зо­ва­ние во Ма­ке­до­ни­ја“. Ова е вто­ро про­дол­же­ние од кни­га­та на Или­ев­ски, кој ги ана­ли­зи­ра проб­ле­ми­те во ви­со­ко­то обра­зо­ва­ние.

– Пр­ви­от дел бе­ше об­ја­вен во 2015 го­ди­на, во пер­и­о­дот ко­га тре­ба­ше по вто­ра го­ди­на да има др­жа­вен ис­пит, а та­му е ана­ли­зи­ран и За­ко­нот за ви­со­ко обра­зо­ва­ние, кој пре­тр­пе над 20 из­ме­ни и до­пол­ну­ва­ња. Ова е про­дол­же­ние на таа кни­га, со си­те пред­но­сти, сла­бо­сти и не­ло­гич­но­сти во на­ше­то обра­зо­ва­ние, ка­ко на при­мер не­го­во­то фи­нан­си­ра­ње. Во про­дол­же­ни­е­то пи­шу­вам за но­ви­от За­кон за ви­со­ко обра­зо­ва­ние, кој не са­мо што не е раз­во­ен ту­ку е и по­лош од прет­ход­ни­от за­кон, не ко­рес­пон­ди­ра со европ­ски­те за­ко­ни. Збо­ру­вам за сту­ден­ти­те ка­ко парт­не­ри, а нив ги не­ма во но­ви­от за­кон. Тие тре­ба да се кре­а­то­ри на на­ста­ва­та, да да­ва­ат оце­на за са­ми­те на­став­ни­ци – из­ја­ви Или­ев­ски.

Во еден дел од кни­га­та тој се освр­ну­ва и на сред­но­то струч­но обра­зо­ва­ние, од­нос­но за по­тре­ба­та од ду­ал­но обра­зо­ва­ние.

– По­стои по­тре­ба од ду­ал­но обра­зо­ва­ние, а ние не­ма­ме учеб­ни­ци. Во 21 век на уче­ни­ци­те им се ди­кти­ра, што не е во сог­лас­ност со европ­ски­те стан­дар­ди и кри­те­ри­у­ми – до­да­де тој.

И „Но­ва Ма­ке­до­ни­ја“ низ се­ри­ја на­пи­си ука­жа на проб­ле­мот со не­до­стиг од учеб­ни­ци во сред­ни­те струч­ни учи­ли­шта. По на­пи­си­те, во Ми­ни­стерс­тво­то за обра­зо­ва­ние и на­у­ка нај­а­ви­ја из­ме­ни на За­ко­нот за учеб­ни­ци, со што ќе се вра­тат автор­ски­те пра­ва на из­да­вач­ки­те ку­ќи, кои ќе го пре­зе­мат про­це­сот на изра­бо­тка на учеб­ни­ци, ка­ко што бе­ше во ми­на­то­то.

фото Маја Јаневска-Илиева

Или­ев­ски на про­мо­ци­ја­та истак­на де­ка во Ма­ке­до­ни­ја има прем­но­гу уни­вер­зи­те­ти, факт што, спо­ред не­го, не во­ди кон ква­ли­тет.

– Има­ме 24 уни­вер­зи­те­ти, има­ме над 130 фа­кул­те­ти и над 600 сту­ди­ски про­гра­ми. Са­ми­от тој факт пра­ви ви­со­ко­то обра­зо­ва­ние да би­де не­ква­ли­тет­но. За жал, нас нѐ не­ма ни на Шан­гај­ска­та ли­ста на свет­ско ни­во, ни во пр­ви­те 1.000 нај­до­бри уни­вер­зи­те­ти, нѐ не­ма ни во ре­ги­ста­рот на ви­со­ко­ква­ли­тет­ни обра­зо­ва­ни­ја во Евро­па. Во мо­ја­та кни­га пред­ла­гам по­се­бен бу­џет за фи­нан­си­ра­ње на ви­со­ко­то обра­зо­ва­ние и за на­у­ка, а осо­бе­но за пре­ду­чи­лиш­но ос­нов­но и сред­но, по при­ме­рот на Сло­ве­ни­ја. Кај нас за­не­ма­ре­на е и на­у­ка­та, за на­у­ка се изд­во­ју­ва са­мо 0,22 от­сто од БДП, што е ни­што – ве­ли Или­ев­ски.