Државниот завод за статистика го објави јавниот конкурс за ангажирање реонски попишувачи и реонски инструктори за претстојниот попис, кој ќе се спроведе од 1 до 21 април годинава.
Веќе се пријавени приближно 4.000 кандидати заинтересирани за попишувачи и реонски инструктори.

Пријавувањето е преку електронската апликација поставена на веб-страницата https://popis2021.stat.gov.mk/, каде што може да се најдат сите информации за повикот.

На конкурсот може да се пријават сите полнолетни државјани на Република Северна Македонија, кои се невработени, со завршено најмалку средно образование и имаат основни компјутерски вештини.

Пријавувањето трае до 28 февруари.

Паушалниот надомест за попишувач е 4.000 денари, за секое попишано лице по 30 денари, за секој попишан стан по 20 денари, за секое попишано домаќинство по 50 денари, за лице определено за резерва паушал од 5.000 денари и за секој ден ангажирање по повик на резервниот попишувач 700 денари дневно.

Надоместокот на реонскиот инструкторот се утврдува да изнесува: за реонски инструктор паушален износ од 5.000,00 денари; за секоe попишано лице од попишувачот по 3,00 денари; за секое попишано домаќинство од попишувачот по 5,00 денари; за секој попишан стан од попишувачот по 2,00 денара.