Припадниците на Одделот за заштита на одредени личности или објекти познат како Шеста управа денеска добија нови службени униформи.

– Веќе долго време немаше никаква набавка на униформи не само за Шестата управа, туку и за сите припадници на полицијата. Целта е да се унапредат стандардите на професионално работење на сите оддели во МВР, а Шестата управа е оддел кој има специфичен вид на задачи и МВР е должно да поведе сметка за сите аспекти од нивното работење – рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на промоцијата на униформите.

МВР врз основа на јавна набавка обезбедило 464 машки и 39 женски комплети цивилна облека. Цената на еден комплет изнесува 6.560 денари без ДДВ, а МВР за сите униформи потрошило 3.299.680 денари.