Добро упатени извори велат дека бизнисменот Јордан Камчев, осомничен за неколку кривични дела, се спремал за бегство, но тој денеска е приведен во полициска станица.

Тој би требало да биде изведен пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд, напоменуват истите извори.

Инаку приведувањето е поради истрагата за нелегално купените плацеви на Водно за Никола Груевски преку фирмите на Орце Камчев.

Против Камчев се води и големата истрага за „Империја“.

Во овој случај е осомничен и Сашо Мијалков кој е во притвор по пресудата од 12 години затвор за масовното прислушување во предметот „Таргет-Тврдина“.

Според упатените денешното приведување не е поврзано сослучајот „Империја“.