Тетовската полиција вчера уапсила три лица – Б.А.(31) од кичевското село Туин, Н.Б.(52) од тетовска Мала Речица и Џ.С.(33) од Вешала, затоа што се однесувале агресивно и физички нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејствија за време на вчерашниот протест во Тетово.

Од истите причини денеска се уапсени и В.А.(33) и А.Ш.(30), двајцата од Тетово.

Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Вчера во Тетово се одржа протест на кој се бараше одговорност поради катастрофалниот пожар во модуларната ковид-болница. Протестот ескалираше и во еден момент дојде до судир со полицијата, а СДСМ и ДУИ обвинија дека зад него стојат опозициски партии.