Коалицијата за борба против гладта организира свечена церемонија на која се поканети претседателските кандидати, кои треба да потпишат свечена изјава, со која доколку би биле избрани значаен дел од своето претседателство ќе се стават во улога на активни чинители во борбата против гладот и сиромаштијата во нашата држава.

Од Коалицијата велат дека сакаат да се осигураат дека идните претседателски кандидати активно ќе застанат зад иницијативата на Коалицијата против гладта и фрлањето храна.

-Сакаме да бидеме сигурни и сведоци на ветувањето дека Претседателските кандидати активно ќе застанат зад иницијативата на Коалиција против гладот и фрлањето храна и дека ќе бидат поддржувачи на огромниот број гладни и сиромашни граѓани, од кои ќе бараме да ја потпишаат свечената изјава која произлезе од заедничкиот став и заложба на НАС претставниците на граѓанските организации- наведуваат во соопштението од Коалицијата.

Настанот ќе се одржи денеска во 13.40 часот во „Хотел Континентал“, поканети се сите медиуми да го прослетат потпишувањето на свечената изјава која има само ЕДНА точка која вели дека СИТЕ ние заедно, застануваме и сме дел од најголемата граѓанска творба во нашата држава, која се бори и ќе се бори против гладот и сиромаштијата.

Во прилот дневната агенда на церемонијата:

13.40 – 13.50 Кратка презентација на Банкарството со храна и Коалицијата против гладот и сиромаштијата (КПГС)
13.50 – 14.00 Најава и кратко претставување на дел од членките на КПГС
(секое претставување не подолго од 1 минута)
14.00 – 14.10 Каде и во кои Општини се реализираат акции за директна борба бротив
гладот и сиромаштијата – Општина Центар, Кавадарци, Чаир и Дебар
(секое претставуање не подолго од 3 минути)
14.10 – 14.40 Преставување на дел од изборните програми на Претседателските
кандидати во делот на социјалната сигурност и правда
(секое претставување не подолго од 10 минути)
14.40 – 14.45 Потпишување на Свечената изјава
14.45 – 15.30 Закуска – освежување