Претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев во текот на гостувањето во емисијата „Што не е јасно“ на телевизија Алфа, меѓу останатото истакна дека реформите на Министерството за образование и наука имаат за цел да го избришат предметот историја, и да се заборави на неговата улога во воспитно-образовниот процес.

– Единствена цел е да се избрише од наставната програма во основното образование предметот историја. Никој не против пишување на нови учебници по историја и воведување на нови наставни методи и алатки за усвојување на историските содржини, но не само во Македонија. Меѓутоа да се избрише предметот историја во овој момент и притоа да се заборави местото и улогата на предметот историја во воспитно образовниот процес на младите генерации во Европски и меѓународни рамки и важноста на историската свест на современите генерации за историското минато и за политичката и културна историја на Македонија е навистина непотребно – вели Коцарев.

Според академикот, МАНУ треба да даде една критичка анализа на концепцијата за основно образование, самиот факт дека МОН бара да се направи до крајот на јануари 2021 година во краток рок е нетранспарентен и покажува дека односот на политичарите спрема образованието што не е прв пат, не е само несериозен, туку е деструктивен и понижувачки.

– Реформите во образованието не смеа да се носат прекуноќ. Како претседател на највисоката научна институција во земјата уверувам дека е погрешно реформите во образованието да се носат прекуноќ. Во една од најсиромашните држави во Европа се предлага концепција која што не постои во ниту една друга држава, вклучувајќи ги и најнапредните образовни земји во светот – оценува Коцарев.

Според него оваа реформа можеби ќе има несогледливи последици врз македонската економија, но сигурно ќе доведе до целосно обезличување на професијата учител.